Рома ја оствари 12. победа во италијанското првенство оваа сезона, совладувајќи го Емполи на „Олимпико“ со 2-0. Тимот на Жозе Мурињо работата ја заврши експресно, за само шест минути.

Роџер Ибањез во втората минута ја доведе „волчицата“ во водство, а четири минути подоцна Тами Абрахам постигна и втор гол, што на крајот се покажа и како конечен епилог.