По околу девет месеци преговори со раководството на Барселона, 25-годишниот Французин Осман Дембеле конечно ја прифатил понудата за нов договор, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Договорот што треба да го потпише е за уште две сезони и Дембеле ќе добие намалување на платата за 40 проценти од минатата година.

Францускиот фудбалер беше доведен во Барселона од Борусија Дортмунд во 2017 година, но неговата кариера беше проследена со бројни повреди. Во последните шест месеци, сепак, Осман Дембеле покажа добри игри и беше на врвот на листата со најмногу асистенции во Ла Лига.

И покрај долготрајните преговори, тој има намера да продолжи да игра за каталонскиот гигант, додека раководството на Барселона треба да даде „зелено светло“ на договорот.