Според последните информации, Јувентус и Рома се на чекор да се договорат за опцијата едногодишен заем со задолжителен откуп и севкупно тоа ќе го чини најтрофејниот калчолигаш 45 милиони евра.
Рома бараше 80 милиони евра, но безмалку за двојно се спушти отштетата откако Заниоло му порачал на раководството дека сака да оди во Торино, но првично „волчицата“ бараше исплата веднаш на трансферот, пари кои ги нема во моментов, зашто 40 милиони евра искешира во Фиорентина за да го откупи Федерико Кјеза.
Сепак, Рома е на чекор да се согласи за опцијата со заем од која ќе добие 10 до 12 милиони евра за едногодишното позајмување на Заниоло, а остатокот идното лето ќе им биде исплатено како кога ќе се активира задолжителниот откуп.