Светскиот првак Макс Ферстапен победи денеска на спринт трката на „Ред Бул Ринг“ за Големата награда на Австрија, славејќи пред двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Сајнц.
Вторпат сезонава Ферстапен победува на спринт трка пред гранпри, па ја искористи пол-позицијата освоена вчера за да победи и ќе тргне утре повторно од првата позиција на трката.
Летечкиот Холанѓанец славеше пред двоецот на Ферари со 1,6 секунди побрз од Леклер, а 5,6 секунди побрз од Сајнц.
Џорџ Расел од Мерцедес заврши на четврото место, Серхио Перез од Ред Бул беше петти, а во првите десет завршија и Окон, Магнусен, Хамилтон, Шумахер и Ботас.