Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски успеа да испише историја и стана првиот Македонец со победа во престижниот шампионат ТЦР Европа.
Давидовски тргна прв на трката за ГН на Франција и успеа да ја одбрани со одлично возење. На првата трка тој заврши како шести, а на денешната ги изненади ривалите и ја освои првата позиција.
Нашиот возач заврши пред Гаврилов и Ориола кои беа на второто, односно третото место на патеката „Пол Ришар“. За Давидовски ова беше прва победа во кариерата и со овие освоени бодови сега се искачи на седмата позиција во генералниот пласман со 78 поени.