Финецот во Мерцедес, Валтери Ботас, е победник во трката за Големата награда на Турција, а Макс Верстапен се врати на лидерската позиција во генералниот пласман .
Очекувано интересна трка за Големата награда на Турција. Валтери Ботас славеше на лизгавата патека, со што ја однесе победата пред Макс Верстапен, а таков беше поредокот уште на самиот старт.
Луис Хамилтон беше казнет за промена на моторот и стартуваше од 11 -та позиција, имаше шанса за подиумот, но го испушти третото место што го држеше, беше повикан да смени гуми со што тој не се согласуваше и падна во поредокот.
Хамилтон на крајот заврши на петтото место и тоа значи дека Верстапен се врати на првото место во генералниот пласман со шест поени предност пред Хамилтон на шест трки пред крајот.
На подиумот во Ред Бул заврши и Серхио Перез, кој ја задржа предноста пред Шарл Леклер.
Себастијан Фетел имаше големи проблеми кога се обиде да вози на лизгава патека со гуми кои не беа наменети за тоа, па едвај го заврши кругот и тоа значително го спушти во поредокот.
Следната трка е закажана за две недели кога трката за ГН на САД ќе се вози во Остин, Тексас, каде Луис Хамилтон ќе се обиде да ја врати лидерската позиција на патеката што му одговара.
https://twitter.com/F1/status/1447194944066707458?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1447194944066707458%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2FF12Fstatus2F1447194944066707458widget%3DTweet