Нејмар денеска ја изненади фудбалската јавност со изјавата дека Светското првенство во Катар може да биде последно во неговата кариера
29-годишниот Бразилец освои речиси се што беше можно на клупско ниво во неговата играчка кариера, додека во репрезентацијата му треба само титулата светски шампион со Бразил.
Нејмар играше на две Светски првенства, но не успеа да ја исполни целта со Бразил. Кариоките сигурно ќе бидат меѓу фаворитите следната година во Катар и тоа ќе биде нова шанса за Нејмар да го предводи Бразил до шестата светска титула.
Сепак, напаѓачот на ПСЖги шокираше сите со својата изјава дека Светското првенство во Катар може да биде последно во неговата играчка кариера.
На овој начин, Нејмар најави дека ќе се збогува со репрезентацијата кон крајот на следната година, иако ќе има само 30 години.
“Светското првенство во Катар ќе биде последно за мене во кариерата. Едноставно, немам ментална сила повеќе да се занимавам со фудбалот”, рече Нејмар, додавајќи.
„Затоа ќе го дадам својот максимум на тоа Светско првенство за да освојам злато за мојата земја и да го исполнам мојот најголем сон. Се надевам дека тоа ќе се случи на крајот.