Маркос Меналдо, фудбалер од Гватемала, почина од срцев удар на теренот.
Меналдо доживеа срцев удар на тренингот со клубот од Гватемала Депортиво Маркенсе. Тој им се пожали на соиграчите за проблеми со дишењето за време на тренингот. Веднаш бил пренесен во болница, но немало спас.
Депортиво минатата сезона ја освои втората лига во Гватемала и избори место во елитното друштво, а 25-годишниот стопер Меналдо беше еден од клучните играчи на тимот.
Шокиран сум бидејќи ова и се случи на една млада, динамична и весела личност. Загубивме играч, но и пријател“, изјави претседателот на Депортиво, Ернан Малдонадо.
Во последно време неколку фудбалери доживеаја срцев удар на тренинг или натпревар, меѓу кои и еден од Хрватска и еден од Србија.