Фудбалерите на Јувентус ја совладаа Специја како гости со резултат 3: 2, во натпреварот од петтото коло во Серија А.
Ова е прв триумф за тимот на Масимилијано Алегри во италијанското првенство.
По две нерешени средби и два порази, тие успеаја да стигнат до сите три бода по пресвртот во второто полувреме.
Победничкиот гол го постигна Матијас де Лихт во 72. минута.
Торинскиот клуб поведе во 28 -та минута преку Мојзе Кен, а потоа домашниот тим возврати сврти резултатот со головите на Гјаси во 33-та минута и Антист во 49-та минута .
Сепак Федерико Киеза израмни, а Де Лихт го постави конечниот резултат 2:3
ВИДЕО :
https://www.dailymotion.com/video/x84dlenВо овој термин Салернитана и Верона играа нерешено 2:2
Гостите во првиот половина час од играта поведоа благодарение на Никола Калиниќ кој постигна два гола, сепак, Гондо и Кулибали ја спасија Салернитана од пораз.
Серија А, 5 коло
Специја – Јувентус 2: 3 (1: 1)
Gjаси 33, Антист 49 – Кен 28, Киеса 66, Де Лихт 72
Салернитана – Верона 2: 2 (1: 2)
Гондо 45 + 2 – Калиниќ 7, 29
20:45 часот Милано – Венеција
20:45 Каagари – Емполи