Екипата на Интер Мајами без Лионел Меси кој е со репрезентацијата на Аргентина на Копа Америка го претрпе најтешкиот пораз во својата историја.
На гости кај Синсинати беше поразен со 1:6. Јапонецот, Јаја Кубо постигна два гола во 10. и 57. минута, одличен настап имаше и Аргентинецот Лусијано Акоста кој еднаш се запиша во листата на стрелци и двапати асистираше.
За Синсинати голови пшостигнаа уште Павел Буча, Јамил Асад и Гералдо Велензуела. Голот за тимот на Бекам беше дело на Сергеј Кривицов кога израмни на 1:1 во 21. минута. Поранешниот фудбалер на Барселона, Серхио Бускетс во 62 минута беше исклучен.
Интер Мајами кој е основан пред шест години првпат прими шест гола, претходно рекордниот пораз беше 5:0 од Њу Еланд Револушн во 2021 година. На табелата на Истокот Сисинати води со 48 бода, додека Интер е втор со бод помалку.