Вардар 1961 го совлада Мешков Брест со резултат 35:27 за прва победа оваа сезона во лигата на шампионите.
Најмногу благодарение на феноменалниот десен бек на Вардар, најновото засилување Кевин Њокас. Французинот натпреварот го одигра во транс и со 8/8 без ниту едно промашување беше и најдобар стрелец на натпреварот.
На десната бековска позиција имаше одлична поддршка и од Моралес кој запиша 5 гола исто така без промашување, а исто така и Тимур Дибиров постигна пет погодоци.
Томовски стандардно добар на голот имаше 11 одбрани.
Целиот натпревар поминс во знакот на Вардар, кој го контролираше резултатот од почеток на крај. На полувреме предноста на Вардар беше +6 (19:13)
Во наредното трето коло Вардар го пречекува Алборг на домашен терен. Натпреварот е закажан на 29.09 во 18 :45