По поразот од Македонија во март, Германија започна серија победи во квалификациите за Мундијалот која се надева дека ќе продолжи во Скопје.
Хенси Флик ќе игра за одмазда за поразот кој го доживеа репрезентацијата тогаш предводена од Јоаким Лев.
„Со нетрпение ја очекуваме средбата. Македонија нема загубено натпревар под водство на новиот тренер Милевски. Тоа е тим што може да игра фудбал. Елмас е играч што многу ми се допаѓа, тој постигна гол на првиот натпревар и игра за Наполи. Тој е технички многу добар.
Ги имаме сите играчи на располагање. Претпоставувам дека секој ќе може да игра“, најави германскиот селектор.
Дуелот во Дуизбург беше прв во историјата на двете репрезентации. Македонија се надева на нов позитивен резултат на домашен терен, со кој ќе остане во одлична позиција за пласман на Светското првенство наредната година.