Спектакуларен гол постигна Медиќ во првиот натпревар за Ајакс. Вчера екипата на Ајакс во рамките од новиот шампионат на Холандија го совлада на свој терен тимот на Хераклес со високи и убедливи 4:1, а најголем впечаток остави секако дебито на хрватскиот интернационалец Јаков Медиќ.

Тој постигна фантастичен гол со удар од преку 30 метри кој е вреден да се погледне повеќе пати.

Медиќ инаку пристигна летово во Амстердам од тимот на Сент Паули од Германија.