Фудбалерите на актуелниот италијански шампиоин Наполи приредија уште еден шок за своите фанови, загубија на домашен терен од тимот на Аталанта со 0-3 (0-2) во натпревар од 30. коло во Серија А.

Гостинските фудбалери од Бергамо одиграа фуриозно прво полувреме и ја осигураа победата уште по првите 45 минути, а стрелци на головите беа Алексеј Миранчук и Џанлука Скамака. До одморот Аталанта водеше со 0-2, а во вториот дел умешно ја сочува предноста и на крајот успеа да извојува уште поубедлива победа, за голема радост на своите навивачи.

 

Наполи се обидуваше да заигра подобро во вториот дел и да дојде барем до почесен погодок, но актуелниот шампион уште еднаш покажа дека е само бледа сенка од тимот кој минатата година го освои скудетото. Во почетниот состав беше и Виктор Осимен, но и тој некако се вклопи во лошото издание на наполитанците, a победата на Аталанта ја запечати одличниот Теун Копмајнерс, кој ги постави конечните 0-3 во 88. минута од натпреварот.

Аталанта со оваа победа му избега на Наполи на табелата и сега има пет бода предност пред ривалот кој се обидува до крајот на сезоната да стигне барем до пласман во еврокуповите.

Сите голови погледнете ги ТУКА