Германскиот првак Баерн Минхен го победи Фрајбург со 3-0 на „Алијанц арена“. Екипата на Томас Тухел поведе со голот на Кингсли Коман, кој сакајќи да нафрли ја упати топката кон голот и го изненади противничкиот голман уште во 12.минута.
Лирој Сане зголеми на 2-0 во 25.минута по одличното двојно проигрување со Хари Кејн.
Третиот гол повторно беше дело на Кингсли Коман во 85.минута од натпреварот.