Уште еден рекорд на големиот талент на Барса. Откако во текот на оваа недела стана најмлад стартер во историјата на Лигата на шампионите, тинејџерот на Барселона, Ламин Јамал собори уште еден сличен рекорд.
Тинејџерот го спаси очајното прво полувреме на својот тим против Гранада и во судиското продолжение погоди за 1-2, а со тоа стана најмлад стрелец на гол во постоењето на Ла Лига. Јамал се запиша во листата на голгетери со само 16 години и 87 дена, соборувајќи го досегашниот рекорд на камерунскиот фудбалер Фабрис Олинга кој во 2013 година, како играч на Малага погоди против Селта со 16 години и 191 ден.
Кога станува збор за Барселона, досегашен најмлад стрелец во историјата на клубот беше Ансу Фати, со 16 години и 304 дена.