Италијанскиот шампион Милан во 16. коло од италијанската Серија А оствари победа на гостински терен кај Салернитана со 2-1 и така на одличен начин ја започна втората полусезона.

Екипата од Милано по само 15 минути имаше водство од два гола, откако најпрво во листата на  стрелци се запиша португалецот Рафаел Леао, а потоа погоди Сандро Тонали за 2-0.

Голманот на Салернитана бранеше одлично и запре уште неколку големи шанси на „росонерите“, а на 1-2 намали Бонацоли во 83. минута од мечот.

Милан има 36 бода по 16 одиграни меча, односно пет помалку од лидерот Наполи кој вечер го игра својот меч од 16. коло.

 

 

Во вториот меч што се играше денеска од 12.30 часот, и Сампдорија славеше со 2:1 на гости против Сасуоло.