Милан успеа да го совлада Јувентус во Торино со 0-1 и дефинитивно го осигура пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. „Росонерите“ беа подобри, веројатно и помотивирани од ривалот, со оглед дека „старата дама“ ги загуби сите шанси за пласман во елитното европско натпреварување по казната од десет бода поради финансиски малверзации.

Оливие Жиру донесе триумф за Милан. Тој го постигна победничкиот погодок во 40.минута од натпреварот.

https://youtu.be/yvF-TOxxBQQ