Фиорентина го одбрани домашниот терен и извојува минимална победа над тимот на Аталанта од 1-0, во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија.
Во Фиренца домашните фудбалери, создадоа поголем број на шанси од противникот, но само една топка влезе во противничката мрежа. Одлуката за пласман во финалето ќе биде на 24 април, кога е закажан реваншот во Бергамо.
Човек на одлука на „Артемио Франки“ беше Роландо Мандрагора. Искусниот Италијанец, на додавање на Николас Гонзалез, во 31. минута ја погоди целта и го постигна единствениот гол на натпреварот.
На „Артемио Франки“, главната разлика ја направи ремек-делото кое го изведе Роландо Мандрагора, играчот за врска на „виолетовите“.
Фудбалерот на Фиорентина презентираше импресивна шут-техника и со чудесен удар го матираше голманот на Аталанта, а топката доби до толку неправилна ротација, што фактички беше невозможно да има било каква интервенција.
Траекторијата на топката беше навистина фасцинантна и оваа бравура ја видовме во 31-та минута, но Фиорентина може да жали што не оствари и поубедлив триумф.
Видеото погледнете го ТУКА