Екипата на францускиот гигант Пари Сен Жермен обезбеди пласман во финалето на Купот на Франција откако на домашен терен го победи Рен со 1-0. Стрелец на единствениот гол за „светците“ беше Килијан Мбапе во 40.минута од натпреварот.

 

Мбапе само три минути претходно не успеа да реализира пенал. Гостинскиот голман Стив Манданда го одбрани неговиот удар.

Сепак, токму Мбапе е „виновникот“ што парижани ќе играат во финалето, затоа што по само три минути од промашениот пенал, ја исправи грешката и погоди за победа и пласман на својот тим во финалето.

Во натпреварот за трофејот Пари Сен Жермен ќе има пресметка о Лион, кој во првото полуфинале беше подобар од Валенсиен со 3-0.