120 години Баер Леверкузен чека на првата шампионска титула во германското првенство, а сега има можност да дојде до двојна круна.
Откако во Бундеслигата водат пред Баерн со 13 бода, на седум кола пред крајот на сезоната, „фармацевтите“ обезбедија пласман во финалето од Купот на Германија, по убедливиот триумф против Фортуна Дизелдорф со 4-0. Најважниот дел од работата беше завршен во првото полувреме, поточно по само 35 минути игра во кои Баер поведе со 3-0, преку Фримпонг, Адли и Вирц. Конечниот резултат го постави Вирц од пенал во 60. минута по што Баер рутински го приведе мечот кон крајот.
Исто така, вреди да се напомене дека ова беше 40-ти натпрвар во низа на кој четата на Чаби Алонсо остана непоразена во сите три натпреварувања (Бундеслигата, Куп и Лига Европа).
Головите погледнете ги ТУКА.