Со тоа, пропаднаа речиси сите надежи на сплитскиот тим дека оваа сезона, во која влезе со огромни амбиции, ќе освои некој трофеј иако, теоретски, во шампионатот се уште е во игра за титулата, но ништо не зависи од него. Единствениот гол на денешниот натпревар го постигна Сандро Куленовиќ во 14. минута.
Фудбалерите на Хајдук одново беа немоќни во дуел со најголемиот ривал Динамо Загреб. По само четири дена од поразот во домашниот шампионат, „Пољуд“ повторно тагуваше, откако „сините“ славеа победа и во Купот на Хрватска, вредна пласман во големото финале.
Трибините на сплитскиот стадион одново беа исполнети до последно место, атмосферата беше фантастична, а на Хајдук не му помогна ниту дебито на светската ѕвезда Иван Перишиќ, кој заедно со нашиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во второто полувреме. На спротивната страна Стефан Ристовски повторно беше стартер, додека Адеми поради повреда не отпатува за Сплит.
Динамо до посакуваната победа по вторпат стигна со само еден постигнат гол. Овој пат херој на шампионот беше Кулановиќ.
Гигантот од Загреб во големото финале во Купот на Хрватска ќе се судри со Ријека, која исто така со минимални 1-0 славеше над Локомотива.