Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас продолжува со одлични игри во дресот на Наполи. Тој доби шанса од тренерот Лучијано Спалети да биде стартер на вечерашниот меч од Лигата на Европа и постигна гол после само 11 секунди игра против тимот на Спартак Москва .
Елмас ја затресе мрежата на Спартак Москва на стадионот „Диего Армандо Марадона“ после центаршутот на Инсиње и лошата интервенција на голманот на гостите Максименко .
ВИДЕО
https://twitter.com/i/status/1443619649036374021