Лондонскиот гигант Тотенхем продолжи со одличните резултати и вечерва славеше против Евертон со 2-0, па така го одржува чекорот со Манчестер сити и Арсенал во Премиерлигата.
„Карамелите“ одлично се одбранија од нападите на Тотенхем во првото полувреме, но избраниците на Антонио Конте тргнаа уште поагресивно во нападот во вториот дел и првиот гол падна во 59. минута, кога Хари Кејн погоди од пенал.
Победата на Тотенхем ја потврди Пјер-Емил Хојбјерг кој во 86. минута го матира Џордан Пикфорд за конечни 2-0 и нови три бода на лондонскиот состав.
Тотенхем е третопласиран со 23 бодови, колку што има и Манчестер сити на втората позиција, додека лидер е Арсенал со 24 бода.