Јувентус запиша многу важна победа, минимално од 1-0 во градското дерби против Торино во 10. коло од италијанската Серија А. Натпреварот го реши српскиот голгетер Душан Влаховиќ.
Натпреварот беше израмнет и имаше голем број шанси на двете страни, но мрежите мируваа до 75. минута кога Јувентус изведе корнер, по кој на вистинско место се најде Влаховиќ и ја затресе мрежата на градскиот ривал.
https://twitter.com/somaIiba/status/1581338155848208384?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1581338155848208384%7Ctwgr%5Efe86575e46309c5968e449c080cca13aba235947%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fvlahovikj-go-reshi-torinskoto-derbi-vo-korist-na-juventus-video
„Старата дама“ со новата победа се искачи на седмата позиција и има 16 бодови, односно седум помалку од лидерот Наполи, додека Торино е на 11. место со 11 бода.