Уште од пред безмалку два месеци, Елмас се најде на радарот на Милан и многу симпатии кон македонскиот фудбалер има од спортскиот директор на „росонерите“ Паоло Малдини, како и од тренерот Стефано Пиоли, поради фактот што „дијамантот“ може на игра на сите позиции во средниот ред. Уште тогаш се најавуваше можна размена во која Хрватот Анте Ребиќ би се преселил во Наполи.
Сега, наводно Милан веќе ја подготвил понудата која во идната недела ќе ја испратат под Везув, во очекување на одговор, ама „Туто Наполи“ денеска објави дека Аурелио Де Лаурентис планира реконструкција на тимот во која Елмас, заедно со Пјотр Зиелински и Диего Деме ќе бидат продадени, а од заработката од трансферите, парите ќе се искористат за нови играчи.
Не е познато колкава ќе биде понудата на Милан, ниту пак конкретно колку Наполи бара за Елмас, иако се споменуваат суми од 25 до 35 милиони евра. Колкав и да биде трансферот, а сигурно Наполи нема да го продаде македонскиот репрезентативец за ситно, тој трансфер повторно би бил најголем во македонската историја.
Елмас дојде во летото 2019 година во Наполи од Фенербахче, на барање на тогашниот кормиалр Карло Анчелоти, сега тренер на Реал Мадрид за 16 милиони евра плус бонуси и Елмас досега одигра 124 меча во наполитанскиот дрес, а сезонава му беше најдобра откако е дојден на Апенините со осум гола и седум асистенции во сите натпреварувањ