Динамо Загреб оствари убедлива победа (1-4) на гости против Слован Братислава и стигна до седум освоени бода во Лигата на шампионите. Стефан Ристовски беше капитен на Динамо и го одигра целиот меч, а Аријан Адеми влезе во второто полувреме од дуелот.
Давид Стрелец во петтата минута донесе водство за Слован Братислава, а Дарио Шпикиќ израмни само пет минути подоцна. Петар Сучиќ во 30.минута се погрижи за пресврт, а до крајот на мечот Динамо постигна уште два гола преку Сандро Куленовиќ.
https://twitter.com/i/status/1853879167655231956Бојан Миовски и Џирона доживеаја убедлив пораз од 4-0 на гости против ПСВ Ајндховен. Македонскиот репрезентативец повторно немаше среќа за премиерен гол во ЛШ и погоди статива, а во 64.минута беше заменет од Стуани.
https://twitter.com/i/status/1853860062856716627Џирона имаше и црвен картон, па ПСВ тоа го искористи за убедлива победа. Фламинго и Тилман донесоа водство од 2-0 по половина час игра, а во второто полувреме погоди и Бакајоко а Крејчи си постигна автогол.