Во негова чест денеска се играше и во Катар, каде што во пресрет на натпреварите за медали претстојниов викенд се играше ревијален меч на кој се појавија голем број поранешни ѕвезди како Кака, Снајдер, Гомеш, Гути… Мечот се играше во дресови без броеви, но сите со маркер го испишаа бројот 11 кој беше омилен на Михајловиќ, како и неговото име Синиша.
Од српската легенда се збогува и публиката на стадионот во Катар и тоа со еден последен аплауз.