Рома запиша неверојатна победа на натпреварот против Лече на „Олимпико“ со 2-1 (0-0) во 11. коло на Серија А. „Волчицата“ губеше до судиското продолжение, Ромелу Лукаку беше на „чекор“ да биде трагичар поради промашен пенал, ама тој и Азмун донесоа голем пресврт.
Натпреварот тргна со казнен удар за домашните, откако играч на Лече играше со рака во шеснаесетникот. Одговорноста ја презеде Ромелу Лукаку, но неговиот удар го одбрани голманот Владимиро Фалконе. Во првиот дел шанса за Рома имаше и Едоардо Бове, ама неговиот удар заврши со голманска одбрана. Вториот дел продолжи со обиди на двете страни, Понграчиќ и Крстовиќ се обидоа за Лече, а Лукаку за Рома, но безуспешно. Резултатот беше отворен во 72. минута, со голот на Понтус Алмквист. Швеѓанецот доби топка од Банда на пеналтикот и ја пласира во мрежата на домашните за 0-1.
Ромелу Лукаку во петтата минута не реализира пенал, голманот на Лече, Владимиро Фалконе, го одбрани неговиот удар, но затоа постигна победнички гол во 95.минута од дуелот.