Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски и по три кола е најдобар во шпанската Ла лига. Тој беше одличен и на мечот против Гранада кој неговиот Рајо Валјекано го доби со 4-0 и ја забележа првата победа во новата сезона.
Во 52. минута имаше одлична интервенција кога спаси чист гол за гостите.
https://twitter.com/LaLigaEN/status/1432085670244257795?s=20Димитриевски досега во шампионатот на Шпанија собра 15 одбрани на три меча со што е најуспешен во овој статистички податок.