За неполн час, Барселона и Ајнтрахт Франкфурт ќе го одиграат реваншот мечот од четврт-финалето во Лигата на Европа.
Германскиот тим има околу 30 илјади фанови кои што допатуваа во Каталонија за овој меч, а интересно е што на сите тие горниот дел од облеката им е бела.
Јасно е дека голем дел од нив нема да влезат на „Камп Ноу“, но тоа не ги спречува да дојдат во овој прекрасен град и во некој од локалните пабови да уживаат во спектаклот.
Резултатот по првите 90 минути е 1:1.