Елмас во игра влезе во 64. минута, а веднаш потоа Гираси даде гол за водство на Борусија Дортмунд од 2-1.
Македонскиот фудбалер имаше две добри шанси да донесе израмнување, но дефанзивците на Дортмунд го спречија во тоа.
Лајпциг имаше водство на натпреварот со гол на Шешко во 27. минута, а три минути подоцна Бајер го изедначи резултатот на 1-1. Гираси во вториот дел ја донесе победата.
По девет одиграни кола Баерн Минхен е осамен на врвот со 23 бодови, три повеќе од Лајпциг.