Милан оствари рутинска победа на гостувањето кај Монца, триумфирајќи во дербито на Ломбардија со 1-0.

Натпреварот беше далеку од елитен фудбал, без многу шанси на двете страни, но и без особена динамика. Играч на одлука беше холандскиот интернационалец Рејндерс во 43. минута откако искористи една одбиена топка по ударот на Мората и со глава ја смести покрај левата статива.

Триумфот го донесе Милан на седмата позиција со 17 бода, но можно е да се врати подолу ако Болоња слави на гостувањето кај Рома.

Во следното коло миланскиот гигант гостува кај Каљари, додека Монца пред својата публика ќе има дуел со Лацио.