Екипата на Спартак Москва ја совлада ЦСКА со 2-0 во дербито на 14. коло од руското првенство, но натпреварот остана во длабока сенка на инцидентот што се случи во почетната фаза од второто полувреме.

Се почна поради дивеењето на играчот на ЦСКА, Вилијан кој прво грубо стартуваше, а потоа им удри боксови на противничките фудбалери Литвинов и Бабиќ. Дојде до општ хаос и тотално лудило на теренот што резултираше со црвени картони за Вилијан, но и за гостинскиот играч Литвинов. До крајот, ЦСКА остана со уште фудбалер помалку бидејќи и Обљаков беше исклучен.

 

Спартак триумфираше со головите на Бонгонда и Медина, но двете екипи се далеку од врвот на табелата каде се наоѓа Краснодар со 33 бода, осум повеќе од Спартак и девет од ЦСКА.

Интересно е тоа што двата московски клуба ги водат српски тренери. На клупата на ЦСКА е Марко Николиќ, а Дејан Станковиќ е стратег  на ЦСКА.