Торински Јувентус донел конечна одлука да го купи фудбалерот за врска од Барселона, Франк Кеси, екс-играч на Милан, па „старата дама“ очекува што е можно побрзо да се заврши работата.
Јуве и Барселона се на предсезонска турнеја во САД и имаат меѓусебен меч, кога според шпански и италиjански медиуми, конечно ќе го договорат трансферот за фудбалерот за врска веднаш да ѝ се приклучи на „старата дама“.
Според најавите, Барса бара 15 милиони евра за трансфер, пари што не се преголеми во ек на неверојатно трошење на фудбалскиот пазар од светските клубови, а Каталонците практично од репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска ќе бидат во ќар, зашто ланското лето го донесоа бесплатно од Милан.
Кеси не се снајде најдобро во Барселона и е во втор план кај Чави Ернандез, а поради финансиската криза, е еден од низата на фудбалери што Каталонците сакаат да се ослободат и да не им бидат товар на буџетот.