Најверните навивачи на најтрофејниот македонски клуб Вардар, Комити ударното знаме го закачија на еден од најголемите скопски симболи, Камениот мост и со пиротехничко шоу му го честитаа 76-от роденден на миленикот Вардар и ја започнаа општата мобилизација за новата сезона.
Комити кои во моментов го раководат клубот откако го преземаа за да го спасат од тотална пропаст и на сите страни се растрчани за да најдат пари за сезонава, симболично означија старт на новата сезона на денот кога пред 76 години се формираше најголемиот македонски фудбалски бренд.
Вардар по две сезони во второлигашката конкуренција, се врати во Првата лига, а најверните навивачи веќе почнаа една џиновска кампања за купување сезонски билети, како начин да се изнајдат финансии за мирна сезона, настрана растрчаноста Вардар да добие пари од скопските општини и од градот Скопје, кој завчера ја изгласа одлуката на советот за финансиска помош за црвено-црните.