Интер Мајами го торпедира Орландо со 5-0 во третото коло од МЛС лигата, а мечот го одбележа поранешниот тандем на Барселона, Меси-Суарез.
Двајцата постигнаа по два гола, со тоа што Аргентинецот со своите голови стигна до уште еден рекорд во кариерата. Меси стана најбрз играч во историјата кој стигнал до 500 лигашки голови во кариерата. За оваа бројка му беа потребни само 587 натпревари, за разлика од досегашниот рекордер Кристијано Роналдо кому му требаа 654.
Од досегашните 500 гола, Меси постигна 474 во дресот на Барселона и со нив е убедливо најдобар стрелец во историјата на Ла Лига, 22 реализира како играч на ПСЖ, а четири за Интер Мајами од кои три оваа сезона.