Фудбалскиот феномен Михајло Мудрик ја воодушеви фудбалска Европа со својот талент откако се појави во Лигата на шампиони за својот Шахтјор Доњецк.
Украинскиот феномен, кој има само 21 година привлече огромен интерес од многу европски гиганти, но Јирген Клоп го идентификува како приоритетно засилување за Ливерпул. Тој игра како лево крило, а фудбалските скаути и аналитичари, го нарекуваат најголемиот талент на Украина по Андриј Шевченко.
Летово Арсенал се обиде да го купи Мудрик, но Шахтјор ја одби понудата. Украинскиот клуб ќе има потешкотии да го задржи во своите редови со оглед на финансиската состојба поради војната со Русија.
Ливерпул ќе се обиде да го купи крилниот фудбалер веќе во јануарскиот преоден рок иако ќе има жестока конкуренција од неколку други гиганти.