Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, буквално преку ноќ ги освои љубителите на тенисот, особено во последно време откако со триумфот на „Ју-Ес опен“ се искачи на врвот од АТП-листата, како што самиот потврдува, му донело огромна популарност.
Тоа особено се однесува на припадничките на понежниот пол, од кои почнал да добива многу пораки на социјалните мрежи, пред се со неморална конотација.
„Откако сум најдобар на светот, почнав да добивам многу непристојни понуди на Инстаграм. Многу жени одеднаш посакаа да спијат со мене“, изјави Алкараз.
Тој воедно призна дека никогаш не би се согласил Роџер Федерер да му биде тренер, пред сѐ од лојалност кон сегашниот ментор, Хуан Карлос, кој му е како втор татко.