Тинејџерот Карлос Алкараз направи подвиг освојувајќи го Мастерсот во Мадрид со победата над Александар Зверев во финалето со 2:0 (6:3 и 6:1).
Алкараз во полуфиналето го елиминира Ѓоковиќ, претходно и Надал, па успеа да го освои трофејот на турнирот во родниот град што е негов четврти трофеј оваа сезона по победите на турнирите во Рио, Мајами и Барселона. Тој доби 26 од 28-те дуели оваа година.
Тој исто така е најмладиот тенисер кој триумфирал на Мастерсот во Мадрид. По овој триумф младиот тенисер од деветтото место ќе скокне на шестото на светската АТП листа.