Американскиот фудбал важи за машки спорт во кој повредите се чести, но тоа што се случи на синоќешниот меч помеѓу Бафало билс и Тенеси тајтанс предизвика шок дури и кај оние со најтврд став околу бруталноста на овој спорт.
Квотербекот на Бафало, Дејн Џексон, доби стравична повреда на вратот, откако на него налета неговиот соиграч, Трејмон Едмудсен. По ударот, главната ѕвезда на „билс“ остана да лежи на тревата без да помрдне, што донесе страв на лицата кај сите на стадионот во надеж дека не се случило најлошото.
„Џексон целосно ги движи рацете и нозете, што е добро, но се уште ги чекаме дополнителните анализи. Го видов на полувреме во колата за итна помош и сите во тимот се молиме за неговото здравје“, изјави Мекдермот, тренерот на Бафало.