Белгискиот тенисер Давид Гофин „заборави да се пријави“ на АТП тенискиот турнир во Монпеље, каде лани ја освои титулата па во петокот доби покана за турнирот, објавија организаторите во петокот. „Тој навистина заборави да се пријави, па побара покана“, рече директорот на турнирот Себастиен Грожан минатата недела.
Во петокот организаторите конечно објавија дека Белгиецот добил покана и дека ќе може да ја одбрани титулата на турнирот чии квалификации почнуваат в недела. Настапот на турнирот вчера го потврди и третиот тенисер во светот, Александар Зверев, кој испадна во осминафиналето на Австралија опен.
Ова ќе биде првпат тенисер со толку високо рангирање на АТП-листата да учествува на турнирот во Монпеље. Минатата година Гофин ја освои титулата победувајќи го во финалето Шпанецот Роберт Баутиста Агута, кој ќе настапи и оваа година.