Италијанскиот тенисер Јаник Синер е во топ форма на Отвореното првенство на Кина, по победата над Карлос Алкарас во полуфиналето, после голема битка го победи и Данил Медведев во финалето, па в понеделник ќе се најде веднаш зад нив двајца на АТП-листата.

Инаку, од 1976 година наваму се немаше случено некој Италијанец да биде четврти на АТП-листата.

Во финалето на мастерсот во Пекинг, ниту еден од тенисерите не успеа да освои гејм на противнички сервис, па во двата сета се играше тај-брејк, а и во првиот и во вториот, Синер беше подобар со 7-2.

За Синер ова беше седми меѓусебен дуел против Медведев и прва победа после шесте порази.