Голем подвиг направи Лина Ѓорческа во Трнава – ја совлада првата носителка на турнирот! Најдобрата македонска тенисерка, Ѓорческа, одигра фантастичен меч и со триумф против првата носителка, Јапонката Маи Хонтама (6-3, 6-1) се пласира во четвртфиналето на фјучерс-турнирот во Трнава.
Македонката и во претходната рунда совлада далеку подобро рангирана од себе противничка, а овој пат беше подобра од тенисерка која е на 115. место на ВТА-листата.
Ѓорческа во следната рунда ќе ги одмери силите со домашната претставничка Вероника Ерјавец (176. место на ВТА). Претходните две победи значат и нови поени на ВТА-листата за Македонката, а со тоа и напредок на светската листа.