Франциско Серундоло, аргентинскиот тенисер е уапсен во Париз поради наводно напад на таксист во алкохолизирана состојба.
Инцидентот се случил ноќта меѓу 25 и 26 мај, а според изјавата на таксистот, Серундоло бил во друштво на четворица пријатели. Петмината сакале да влезат во такси, што не е изводливо бидејќи е наменето за пет лица, а би биле шестмина со таксистот.
Ова го налутило Серундоло, кој физички го нападнал возачот, според чие сведочење нападот се случил во 2 часот по полноќ, додека Серундоло бил под дејство на алкохол.
Покрај Серундоло, уапсен е и еден од пријателите, но поради недостиг на докази биле ослободени.
Серундоло играше на овогодинешниот Ролан Гарос, но набрзо беше елиминиран кога Даниел Еванс беше подобар во првото коло со резултат 3:0.