Рускиот тенисер Рубљов по голема битка го елиминира Гркот Стефанос Циципас со 2-1 во сетови, односно 3-6, 6-3 и 6-2 за пласман во полуфинале на завршниот турнир во Торино.
Гркот го доби првиот сет со еден брејк, и тоа во четвртиот гем (3-1) по голема размена на удари и поени, по што без мака сервираше за да стигне до 6-3.
Рубљов се разбуди во вториот сет и заигра на повисоко ниво од неговиот ривал, кој не можеше да го следи чекорот и прво го загуби осмиот гем во вториот сет (6-3), а потоа следеше целосен распад на Гркот во третиот сет, каде што Русинот со два брејка ја обезбеди победата (6-2).
Русинот во полуфинале ќе игра против Каспер Руд, додека Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Тејлор Фриц.