Неизвесен старт го одбележа почетокот на натпреварот при што двете селекции играа гол за гол, па прво водеше Норвешка, а потоа предноста се префрли на страната на Французинките (3-2). Ниту една од селекциите не успеа резултатски да се одлепи, па на полувреме со водство од еден гол (12-11) замина Норвешка.
Франција влезе во серија од неколку грешки во вториот дел, а тоа знаеја како да го искористат Норвежанките кои стигнаа до 17-14, а тоа беше првиот чекор кон победата. Французинките не само што не успеаа да одговорат, туку влегоа во нова серија проблеми, додека Норвешка продолжи да ја тресе мрежата за да запише победа од 28-20.
Најдобра на теренот беше Мерк со осум постигнати гола, додека Офтедал ја следеше со седум погодоци.