Француските ракометарки се пласираа во полуфиналето на Светското првенство, откако ја совладаа Шведска со 31:26 (15:15).
Најефикасни кај актуелните олимписки шампионки беа Алиша Тублан, Корали Ласорс и Лаура Флипес со по четири гола.
Кај Шведска подобри од останатите беа Натали Хагман со девет и Лин Блом со шест гола.
Франција во полуфиналето ќе игра против Данска, која во четвртфиналето го победи Бразил со 30:25.
Полуфиналниот натпревар меѓу Франција и Данска е закажан за петок на 17 декември.