Со победата (2:1) во реваншот над Атлетико Паранаенсе, фудбалерите на Атлетико Минеира ја потврдија претходната победа на домашен терен (4:0) и го освоија Купот на Бразил и стигнаа до првата двојна круна во клупската историја.
Победата во Куритиба и на првиот меч ја потпишаа Кено и Хулк, хероите на тимот од Бело Хоризонте. Кено во 25. минута на асистенција на Зарачо му донесе водство на тимот на Кука, додека Хулк во 76. минута ја удвои предноста и со тоа беше решен натпреварот.
Честа на Паранаенсе ја одбрани Џандерсон со гол во 87. минута за конечни 2:1, но тоа не беше доволно.
Атлетико Минеиро, кој неодамна стигна до првата титула по половина век, со двојна круна го повтори успехот на Крузеиро од 2003 година, градскиот ривал кој сега е член на Серија Б.