Младте ракометари на Македонија го освоија второто место на турнирот „Трофеј Карпати“, откако вечерва беа поразени од домаќинот Романија со 26-32.
Македонија играше добро на почетокот на првото полувреме, но Романија влезе во одличен ритам и со пет гола по ред стигна до 14-11 пред полувремето.
Романија го контролираше резултатот во вториот дел, додека македонските ракометари се обидуваа да внесат неизвесност во дуелот, а на крајот победата им припадна на домаќините со 32-26.
Калајџиески постигна 10 голови за Македонија, додека Узунчев оствари осум погодоци.